Вицепремиерот Бујар Османи на својот профил на Фејсбук сподели фотографија од денешнот масовен верски собир во Струга и најави дека ќе има одговорност.
„Во градот каде што смртноста од вирусот е 20% од бројот на заразени. Ова е највисоко ниво на неодговорност. Сега ниту една мерка нема смисла. Ќе има одговорност!“,
напиша Османи.
За собирот на кој присуствуваа стотици верници, а голем дел од нив не ги почитуваа мерките за ковид-19 како заштитни маски или држење дистанца, одговорност побара и СДСМ и прстот го впери во техничкиот министер Наќе Чулев, бидејќи како што велат, полицијата само немо го следела настанот без да интервенира.
