Сите сме свесни дека ВМРО-ДПМНЕ во овој момент не може да го реши овој проблем, ќе се измеша и себе и државата и Владата, рече министерот за надворешни работи во интервју за ТВ 21
ВМРО-ДПМНЕ не може да го реши овој проблем затоа што си ги „врзале нозете“ со своите зборови и реторика, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ може да го реши проблемот со Бугарија затоа што си ги врзаа нозете со своите зборови. Не дека тие се партиоти, а овие се предавници. Јас знам за што преговаравме, за што разговаравме, ВМРО-ДПМНЕ направи толку многу пропаганда во својот табор за оваа тема што си ги врзаа нозете за утре да можат да го решат овој проблем. Сите сме свесни дека ВМРО-ДПМНЕ во овој момент не може да го реши овој проблем, ќе се измеша и себе и државата и Владата. Не е време за тоа“,
рече Османи во дебатниот магазин „Клик Плус на ТВ 21“.