Во фокусот на средбите, како што велат од МНР, се очекува да се најде европската интеграција на С Македонија, а ќе биде посочено и претседавањето на нашата земја со ОБСЕ во текот на 2023 година
Министерот за надворешни работи Бујар Османи минитурнејата на поширокиот регион ќе ја заврши утре со работна посета на Австрија.
Во претходните денови, Османи беше во посета земјите членки на ЕУ од поширокото соседството на Западниот Балкан, Чешката Република, Романија и Унгарија.
Како што соопшти МНР, во рамките на посетата на Виена, Османи ќе има средба со својот домаќин, министерот за Европа и за надворешни работи Александер Шаленберг и со министерката за Европска Унија и за Устав Австрија, Каролине Едштадлер.
„Во фокусот на средбите, се очекува да се најде европската интеграција на Северна Македонија, а ќе бидат разменети и мислења за севкупните билатерални политички и економско-трговски односи. Во разговорите ќе биде посочено и претседавањето на нашата земја со ОБСЕ во текот на 2023 година“,
се наведува во соопштението од МНР.
Министрите, како што се посочува, ќе се осврнат и на внатрешнополитичката состојба во Северна Македонија, односите со соседите, регионалната соработка, како и за други актуелни регионални и меѓународни прашања. Во тој контекст, ќе бидат согледани напорите, соработката и координацијата меѓу двете земји во справувањето со предизвиците од пандемијата.