Во соопштението на МНР, во кое се информира за телефонскиот разговор, се наведува дека шефот на македонската дипломатија го остварил разговорот со министерот за надворешни работи на Руската Федерација во својство на претседавач со ОБСЕ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, првпат откако Русија ја започна воената инвазија на Украина во февруари 2022 година, телефонски разговарал со својот руски колега Сергеј Лавров.

Во соопштението на МНР, во кое се информира за телефонскиот разговор, се наведува дека Османи го остварил разговорот со министерот за надворешни работи на Руската Федерација во својство на претседавач со ОБСЕ.
Османи и Лавров размениле мислења за актуелните прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ, а шефот на македонската дипломатија во тој контекст уште еднаш ја потенцирал неопходноста за прекин на воената инвазија, повлекување на руските трупи од Украина и почитување на украинскиот суверенитет и територијален интегритет.