Само две години од историскиот Преспански договор, а историјата веќе е поинаква. Северна Македонија е 30. членка на НАТО и на самиот праг од почетокот на преговорите со ЕУ, напиша денеска на Фејсбук вицепремиерот за европски интеграции Бујар Османи.
„Продолжуваме понатаму да ја градиме оваа успешна приказна“,
порача Османи по повод двегодишната од потпишувањето на Договорот.