Во гостување на албанската Њуз 24, шефот на дипломатијата вели дека ДУИ на овие локални избори е уште еднаш потврдена како најважна партија во албанскиот блок
На С Македонија ѝ требаат предвремени избори, бидејќи земјата ќе влезе во политичка криза, оцени шефот на дипломатијата и портпарол на ДУИ во емисијата „Ријал стори“ на албанската телевизија „Њуз 24“.
Османи ветува дека ДУИ и тој, како прв министер Албанец за надворешни работи, ќе продолжат да го одржуваат евроатлантскиот курс, кој е од витално значење не само за земјата, туку и за регионот.
Во вклучувањето во емисијата на Њуз 24, Османи го презентираше ставот на ДУИ за последните предизвици по завршувањето на локалните избори во Северна Македонија. Тој нагласи дека ДУИ на своето конто, како што рече, има 10 општини и зголемување од 20 отсто на гласачкото тело, во споредба со претходните избори.
„Забележавме зголемување на поддршката. Да имаше парламентарни избори ќе имавме 18 пратеници. ДУИ повторно беше потврдена како најважна и најголема партија меѓу Албанците. Од друга страна, имаше нестабилни коалиции, ВМРО-ДПМНЕ – Алијанса, привремени, моментални, кои имаа за цел да ја поразат ДУИ, но граѓаните јасно се определија за ДУИ. Во Тетово го добивме првиот круг за совет на општината и таму имаме еден мандат повеќе од што имавме, додека во вториот круг се прават коалиции, но сепак ДУИ излезе со 10 освоени општини, чекаме уште една општина и верувам ќе имаме 11 победи. ДУИ уште еднаш беше потврдена како најважна и најголема партија“,
рече Османи.