Премиерот Димитар Ковачевски, гостувањето во 360° степени оваа недела, навести дел од контурите во кои може да се бара потенцијалниот компромис меѓу Софија и Скопје, кој би донел деблокада на евроинтеграциите и отворање на патот за одржување на првата Меѓувладина конференција. Станува збор за можноста за вметнување на бугарската заедница во Уставот до отворањето на првиот преговарачки кластер, период кој би одзел од една и пол до две години од моментот на одржувањето на првата Меѓувладина конференција, во услови на чисто решение за македонскиот јазик во Преговарачката рамка
Во однос на вметнувањето на бугарската заедница во македонскиот Устав, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека тешко оти тоа ќе може да се направи пред почетокот на преговорите, но вели дека разговараат со Бугарија дали ќе може тоа да се стори во текот на процесот на преговори или до пред крај на преговорите.
„Мислам дека внесување на заедниците, не само на бугарската, туку и на другите, пошто очигледно е дека не се сите внесени, не е можно да се направи пред почетокот на преговорите. Дали тоа ќе го наравиме во текот или пред крајот, тоа е прашање кое го разговараме со Република Бугарија“,
рече Османи на денешниот брифинг.
Османи додаде дека ние како држава немаме проблем во тоа сите етнички заедници, не само бугарската да имаат ист третман.
Тој исто така кажа дека неодамна имал средба со сите тинк-тенк организации во земјав, на која отворено зборувал за сите прашања и во детали ги информирал за сите аспекти од разгворите, бидејќи смета дека тие се многу важен сегмент и треба да бидат вклучени во ова прашање. Нјави дека можеби е време за уште еден таков брифинг со нив и беше дециден дека апсолутно нема простор за загриженост дека нешто се прави нетраспарентно.
Премиерот Димитар Ковачевски, гостувањето во 360° степени оваа недела, навести дел од контурите во кои може да се бара потенцијалниот компромис меѓу Софија и Скопје, кој би донел деблокада на евроинтеграциите и отворање на патот за одржување на првата Меѓувладина конференција. Станува збор за можноста за вметнување на бугарската заедница во Уставот до отворањето на првиот преговарачки кластер, период кој би одзел од една и пол до две години од моментот на одржувањето на првата Меѓувладина конференција, во услови на чисто решение за македонскиот јазик во Преговарачката рамка.
