Османи откри дека во саботата, во Охрид добил СМС-порака од висок дипломатски претставник кој му кажал дека е горд на напорите на Али Ахмети да помогне околу преговорите помеѓу Белград и Приштина, како и дека Ахмети е влијателен политичар во регионот
Не е чесно кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети ова што му го прават од таканаречената „огнена група“. Ахмети е историска личност. Ахмети 20 години работи за интересите на државата. Он е човекот кој секогаш ги штити интересите на државата, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
„Видете, Али Ахмети работеше за Северна Македонија да стане членка на НАТО, сега силно работи да ги обедини сите политички партии кои сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Ахмети и во Охрид беше во целосна комуникација со меѓународниот фактор за да се најде компромис меѓу Косово и Србија, со цел да имаме стабилен регион, а ова е посебно битно сега кога недалеку од тука има војна. Затоа сметам дека не е чесно кон него ова што го прават неговите пријатели од ‘огнените’, кога Ахмети се залага за решавање на стратешки политики, тие го ‘замараат’ со минорни работи“,
вели Османи.
Османи откри дека во саботата, во Охрид добил СМС-порака од висок дипломатски претставник кој му кажал дека е горд на напорите на Али Ахмети да помогне околу преговорите помеѓу Белград и Приштина, како и дека Ахмети е влијателен политичар во регионот.
„Видете, како што вели еден аналитичар од Косово, Али Ахмети е архитект на модерна Северна Македонија. Неговата визија за државата е европска држава, сите заедно да чекориме кон ЕУ – Македонци, Албанци и сите други заедно. Јас сум министер за надворешни работи на Северна Македонија. Моите јавни изјави се државни ставови, не се лични. Ние имаме одлични односи и со Косово и со Србија и сакаме овие две држави да најдат компромис“,
истакна Османи.
