Меѓу другото, Османи го повторил ставот оти Северна Македонија го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници и додал дека членството на земјава во НАТО-алијансата е гаранција за нашата, но и за регионалната безбедност
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин, на која повикал на деескалација на состојбите со Украина и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација.
Меѓу другото, Османи го повторил ставот оти Северна Македонија го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници и додал дека членството на земјава во НАТО-алијансата е гаранција за нашата, но и за регионалната безбедност.
„НАТО е алијанса за колективна одбрана на земјите членки и не претставува закана за Руската Федерација или било која друга земја во светот“,
се вели во соопштението од МНР по средбата на Османи со Баздникин.
Министерот Османи, исто така, го реафирмирал повикот до Руската Федерација за отворен дијалог во рамки на Советот НАТО-Русија и во ОБСЕ со цел за унапредување на европската безбедност, што е од заеднички интерес за сите.
На средбата, се вели во соопштението од МНР, било дискутирано и за улогата на Северна Македонија како дел од ОБСЕ тројката и идното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.