Ако некој бил жртва на прислушување, тоа сме биле ние во партијата – јас лично. Така што, посебно сме заинтересирани кој, како, што, затоа најбрзо да се реши ова прашање, да се одржи состанокот, да се декласифицират сите документи, за да може да се види, порача Османи

На претседателот на собраниската Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање и на Агенцијата за национална безбедност, Скендер Реџепи, намерно не му се издава безбедносен сертификат за да не може да свика состанок.
Ова го посочи кандидатот за градоначалник на Чаир и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, прашан дали членовите на ДУИ во собраниската комисија поседуваат сертификати и кој е неговиот став за случајот. Тој додаде и дека мора да прекине циклусот на прислушување. Потсети дека и тој лично бил жртва на прислушување.
„Мислам дека намерно не му се дава сертификат на претседателот на Комисијата со цел да нема состанок за да не може да се отвори ова прашање. Ние инсистираме да се отвори ова прашање, бидејќи ако некој бил жртва на прислушување сме биле ние во партија – јас лично. Така што, посебно сме заинтересирани кој, како, што, затоа најбрзо да се реши ова прашање, да се одржи состанокот, да се декласифицираат сите документи, за да може да се види. Мора да прекинеме, вие гледате дека секој десет години ова држава влегува низ циклус на прислушување, треба ли да се прекине еден ден? Очигледно граѓаните не се веќе безбедни, и затоа ние сме да се отвори целосно тоа прашање“,
рече Османи.
Пратеникот Реџепи доаѓа од редовите на опозицискиот „Европски фронт“, предводен од ДУИ. Вчера, спикерот Африм Гаши, ја закажа, па ја одложи седницата на Комисијата, на која требаше да се расправа во врска со наводите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година, а со која требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, која е член на ова работно тело.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч по наводите за прислушување
Во меѓувреме, продолжуваат партиските преписки околу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата денеска праша дали е точно дека Мицкоски иако не бил мета на следење, влетал во комуникација со лица кои има за цел да ја десталибизираат државата, а биле финансирани од странски пари? Тие упорно бараат декласификација на документацијата.
Од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше посочија дека, според нив, СДСМ признале две работи -дека иако го следеле и прислушувале 5 години И ДЕКА не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало одамна ќе отвореле постапка.