За безбедноста и сигурноста е потребно стратешко лидерство. Иднината и идните генерации ќе не оценуваат врз основа на одлуките што ги носиме денес, рече министерот Османи на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „ЕУ се среќава со Западен Балкан во Софија“
Претходно и еврокомесарот за прошрување Оливер Вархеји како прв говорник на панелот, изрази разочараност од тоа дека процесот на проширување е заглавен, истакнувајќи дека кога мислеле дека пред две години конечно процесот тргнал напред, сега повторно е во застој и најави дека на средбите со бугарските претставници ќе се обиде да го откочи тој процес и да има резултати до јуни
Немам што ново да кажам освен дека после 21 година од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, 15 години од добивањето кандидатски статус и 13 последователни позитивни препораки, Северна Македонија се уште чека почеток на преговори со ЕУ.

Вака министерот за надворешни работи Бујар Османи одговори на прашањето на модераторката Федерика Могерини за кредбилноста на процесот на проширувањето, на панел-дикусијата во рамки на конференцијата „ЕУ се среќава со Западен Балкан во Софија“ што се одржува во бугарскиот главен град.
„Кредибилностаа на ЕУ во Северна Македонија е разнишана и тоа го покажуваат сондажите на јавното мислење, а истото се случува и во Албанија, Косово, Србија, БиХ. Прашањето е дали има стратешки пристап и лидерство во ЕУ за Западен Балкан? Ќорсокакот во кој е ЕУ во однос на проширувањето е извор на ранливост на регионот, а за тоа придонесуваат отворените прашања и руското влијание, со што кај граѓаните се разочарани од ЕУ порад чекањето“,
рече Османи, на дебатата на тема „Лекцијата од Украина: ЕУ проширувањето како контрамерка на војната“ .
Османи понатаму говореше за сето она што С Македонија го презеде во однос на глобалните прашања, како руската агресија на Украина и притоа ги напомена санкциите што нашата земја ги воведе, во согласност со политиката на ЕУ, како и мерките во однос на мигрантите, укажувајќи на соработката на С Македонија и нејзините постапки кои ги следт мерките што доаѓаат од Брисел. Тој повика дека крајно време е ЕУ да покаже стратешко лидерство, бидејќи, како што рече нема време за чекање.
„За безбедноста и сигурноста е потребно стратешко лидерство. Иднината и идните генерации ќе не оценуваат врз основа на одлуките што ги носиме денес“,
рече Османи на панелот.

Претходно и еврокомесарот за прошрување Оливер Вархеји како прв говорник на панелот, изрази разочараност од тоа дека процесот на проширување е заглавен, истакнувајќи дека кога мислеле дека пред две години конечно процесот тргнал напред, сега повторно е во застој. Тој најави дека на средбите со бугарските претставници ќе се обиде да го откочи тој процес и да има резултати до јуни.
„Треба да веруваме со себе и својата моќ и во способноста за трансформација на процесот на проширување. Ќе имам средби тука во Софија и ќе се обидам да го откочам процесот за да има резултати во јуни. Војната во Украина не научи дека немаме време за губење“,
рече Вархеји.
Во заклучокот од дебатата, Вархеји изјави дека почитувањето на владеењето на правото е клучен критериум за членство во ЕУ и предупреди дека процесот на проширување добил премногу национални димензии.

„Ако тука нема напредок, никаде нема да има напредок. Ако реформите продолжат, ако владеењето на правото, борбата против корупцијата и реформите се доволно видливи, вистински ќе се акумулира критична маса што ЕУ не може да ја игнорира“,
рече Вархеји, додавајќи дека Европа мора да работи заедно за да спречи избувнување на конфликти на Балканот.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамки на турнејата низ регионот, која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, утре ќе престојува во Скопје.