Ниту ДПА во своите најтешки денови, кога била главна опозициска партија, ги немала овие бројки од 49 илјади гласа, секогаш имало околу 60 илјади гласа, вели Османи
Бујар Османи од ДУи во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека албанските опозициски партии водат битка кој ќе биде прв во опозицијата, бидејќи рече дека гласовите што ги освоиле во првио круг од локалните избори се историски најмалку гласови што некогаш ги добила албанска опозиција.
„Во албанскиот блок, епилогот на локалните избори се одвива во втора лига. Сега битката е кој ќе биде првиот во опозицијата…бидејќи навистина резултатите на албанската опозиција се најниски во историјата на албанските опозиции. Имајќи предвид дека ниту ДПА во своите најтешки денови, кога била главна опозициска партија ги немала овие бројки од 49 илјади гласа. Секогаш имало околу 60 илјади гласа, затоа оваа битка не може да се одрази во првата лига на централно ниво, туку е битка меѓу опозициските партии кој сега ќе биде првиот во опозицијата“,
рече Османи.
Тој вели дека треба да се отвори темата за одговорност по постојаните загуби на изборите од опозицијата и дека овие резултаттие на опозицијата не може да влијаат на владиното мнозинство.
„Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, ова мнозинство очекуваме да се прошири и да се зајакне по вториот круг на избори. Имаме многу работа да направиме, имаме многу големи проекти кои ќе влијаат директно врз квалитетот на животот на луѓето. Сега не зборуваме еднаквост во бројки, туку за стандарди. Сега не зборуваме за вработувања, туку за платите на луѓето, за големи инфраструктурни проекти, за интеграција во ЕУ, и имаме потреба за политичка стабилност за да ги реализираме овие соништа на луѓето“,
рече Османи.