Се очекува Франција официјално да ја признае независноста на Палестина утре на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк
Франција го поставува ослободувањето на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа како услов за отворање на својата амбасада во Палестина, вели францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој во интервју за американската телевизија Си-би-ес изјави дека ослободувањето на тие заложници е јасен услов пред да ја отворат француската амбасада.
Се очекува Франција официјално да ја признае независноста на Палестина утре на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
Независноста на палестинската држава е поддржана од 150 земји од светот, на кои денес им се придружија Велика Британија, Канада и Австралија.
Ова предизвика негодување од Израел, кој е под меѓународен притисок поради војната против Хамас во Газа и и тешката хуманитарна состојба во опколената енклава.