Велешанката Павлинка Пале Илоска, која беше обвинета за кривично дело убиство на миг, денеска на судско рочиште е ослободена од обвинение, пренесува А1он.
Убиството се случило на 29.9.2021 година, а 23-годишната велешанка убиството го извршила поради претрпено семејно насилство од лицето А.Р., со кого живеела во вонбрачна заедница.
Откако и во соопштението на обвинителството беше наведено дека Пале Илоска била жртва на насилство, реакции пристигнаа и од Хелсиншки комитет.
Оттаму бараа Илоска да се ослободи од обвинение бидејќи, според нив, станувало збор за нужна одбрана, а не за убиство на миг. Денеска велешкиот суд и официјално ја ослободи од обвинението.