Освен главното признание за најдобар филм, глумецот Трој Коцур доби награда за споредна улога и стана второто лице со оштетен слух во историјата кое воопшто добива „Оскар“. Сијан Хедер ја доби статуетката за приспособено сценарио за истиот филм
Филмот КОДА, во кој глумат неколку лица со оштетен слух, ја доби овогодишната награда „Оскар“ за најдобро филмско остварување.
Освен главното признание за најдобар филм, глумецот Трој Коцур доби награда за споредна улога и стана второто лице со оштетен слух во историјата што воопшто добива „Оскар“. Сијан Хедер ја доби статуетката за приспособено сценарио за истиот филм.

Научнофантастичната сага „Дина“, од американската Академија за филмска академија за наука и уметности доби најмногу – шест „Оскари“ од можни 10 номинации, меѓу кои и за монтажа, визуелни и звучни ефекти.
„Оскарот“ за главна женска улога го доби Џесика Честејн за филмот „Очите на Теми Феј“.
Вил Смит, пак, го доби својот прв „Оскар“ за најдобар глумец за улогата во „Кралот Ричард“.
Признанието за најдобар режисер го доби Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“. Филмот доби само еден „Оскар“ од рекордните 12 номинации.
За најдобра женска споредна улога е прогласена Аријана Дебоуз (Приказната од западната страна).
Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е „Вози го мојот автомобил“ (од Јапонија).
Најдобра филмска песна е „No time to Die” во изведба на Били Ајлиш за истоимениот филм „Џејмс Бонд 007: Не е време за умирање“.
Најдоброто оригинално сценарио го има филмот „Белфаст’, режиран и напишан од Кенет Брана.
Најдобар анимиран филм е „Енканто“.