Ова е уште еден во серијата оружени напади од кои најтрагичниот се случи во училиште во Тексас
Најмалку четири лица се убиени во средата во престрелка во болница во Тулса, во Оклахома на југот на САД, соопшти полицијата.
„Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот во престрелката во болницата ‘Свети Францис’“,
објави локалната полиција на Твитер.
Gunman kills four in Oklahoma medical center, police say https://t.co/8xL2wiO2bN pic.twitter.com/yXRLibGtsa
— Reuters (@Reuters) June 2, 2022
Претходно беше објавено дека полицијата интервенирала откако човек со пушка влегол во болницата.
„Полицијата во моментов ги проверува сите простории во зградата, но и надвор од неа, со цел да се елиминира можната закана“,
се додава во соопштението во кое се наведува дека повредени се повеќе од 10 лица, но се додава дека никој не е во животна опасност.
Полицијата соопшти дека сè уште нема да го открие идентитетот на напаѓачот поради тоа што истрагата е во тек.
Ова е уште еден во серијата оружени напади од кои најтрагичниот се случи во училиште во Тексас.