Според информациите на Телма, ранетиот е Зекирија Шаини, кој е вработен на скопската Клиника за пулмологија и е носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково. Од кумановската болница за Телма потврдиле дека Шаини е префрлен на скопските клиники

Едно лице е повредено попладнево на улицата зад зградата на општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење.
Како што соопшти МВР, повредениот е З. Ш. (43) од с. Слупчане, општина Липково, и тој е пренесен во кумановската болница.
„Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул. Димитрије Туцовиќ со ул. 11 Октомври во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило ‘фолксваген голф’, управувано од З. Ш. (43) од с. Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош“,
се наведува во информацијата од МВР.
Според информациите на Телма, ранетиот е Зекирија Шаини, кој е вработен на скопската Клиника за пулмологија и е носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково. Од кумановската болница за Телма потврдиле дека Шаини е префрлен на скопските клиники.
Полициски екипи се на терен и вршат увид, а блокирана е улицата „11 Октомври“ на која покрај зградата на локалната самоуправа, се сместени сите поважни институции – судот, полицијата и поштата.