Задолжително е спроведување на мерките за физичко растојание, носење маски и дезинфекција и проветрување
Владата денеска ги донесе измените и дополнувањата на протоколот за одржување на седници на органите на управување и конференции.
Според денешната одлука, бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5 до 2 метри квадратни, задолжителното носење заштитни маски на учесниците во текот на целиот настан, задолжителното обезбедување на средство за дезинфекција на рацете и на просториите, честото проветрување на просториите со задолжителни паузи, како и ограниченото групирање на присутните на не повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание.
