Откако утринава гласаше во Будимпешта заедно со својата сопруга, актуелниот премиер на Унгарија во изјава за медиумите порача дека дошол за да победи на изборите
Ниеден патриот денеска не смее да остане дома – порача актуелниот премиер на Унгарија и лидер на десничарската и конзервативна партија Фидес, Виктор Орбан, кој се бори за петти последователен мандат.

„Многу луѓе гласаат. Ова значи само едно – ако сакаме да ја зачуваме безбедноста на Унгарија, ниту еден патриот не треба да остане дома. Само Фидес! До победа!“,
порача Орбан на социјалните мрежи.
Унгарскиот премиер рече дека мирот и безбеноста на Унгарија можат да зависат од само еден глас.
Откако утринава гласаше во Будимпешта заедно со својата сопруга, Орбан во изјава за медиумите порача дека дошол за да победи на изборите.
Унгарците денеска гласаат на едни од најнеизвесните, но и најзначајните парламентарни избори во поновата историја на земјата, со кои би можело да се прекине 16-годишното владеење на актуелниот премиер Орбан. По победата на партијата на Орбан на четири последователни парламентарни избори од 2010 година, првпат постои реална можност за победа на опозицијата.
Според официјалните податоци на Националната изборна канцеларија на Унгарија, до 13 часот попладнево на гласање излегле рекордни 54,14 отсто од запишаните избирачи.
