Според него, стотици милијарди евра залудно пропаѓаат, додавајќи дека војната во Украина не ја осакатува Русија, туку Европа, како и дека создава ризик од нуклеарен конфликт и нејзина конфронтација со нуклеарна сила
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги обвини европските лидери, предводени од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека се согласиле со украинскиот претседател Володимир Зеленски за продолжување на војната.

„Ова се лоши вести за Европа. Војна за која очигледно нема решение на фронтот, но која подразбира ужасно уништување, се продолжува. Околу 35 000 луѓе умираат или се осакатени секој месец, додека линиите на фронтот едвај се поместуваат, оставајќи стотици илјади вдовици, сирачиња, мајки што тагуваат по своите синови. Ова е тоа што Брисел го поддржува“,
напиша Орбан на Фејсбук.
Според него, стотици милијарди евра залудно пропаѓаат, додавајќи дека војната во Украина не ја осакатува Русија, туку Европа, како и дека создава ризик од нуклеарен конфликт и нејзина конфронтација со нуклеарна сила.
„Ќе нè вовлечат во тоа ако им дозволиме“,
рече унгарскиот премиер.
Го обвинувајќи го лидерот на унгарската опозициска партија Тиса, Петер Маѓар, дека минатата недела во Минхен со германска помош потпишал таен договор со лидерите од Брисел.
„Тој ќе ја одвои Унгарија од евтините нафта и гас. Тиса застана на страната на Украина, а не на Унгарците во енергетската војна“,
вели тој.
Посочи дека Унгарија мора да остане настрана од ова.
„Унгарската влада мора да ја зачува безбедноста на Унгарија. Ние ќе го постигнеме тоа“,
рече Орбан додавајќи дека договорот на лидерот на Тиса бил чуван во тајност, со цел Унгарците да не ја дознаат вистината пред изборите.
