Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни кеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Најважно е да има дератизација на сите подрумски простории со цел спречување на ширењето и размножувањето на глодарите, посочи Герасимовски
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, откако денеска го свика кризниот штаб, на социјалната мрежа Фејсбук сподели кои се мерките што ги донеле за справување со кризата со сметот.

Како што соопшти тој, ЈП „ПОЦ“ ќе организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Тој ги повика сите ресторани, кафулиња и локали во Центар да го одлагаат отпадот на локации каде контејнерите не се преполни и да го ставаат во двојни или тројни ќеси со цел да биде подобро заштитен.
Викендов ќе се прави итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките, како и мапирање на кризни точки во близина на училиштата кои мора да се исчистат.
Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни ќеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Најважно е да има дератизација на сите подрумски простории со цел спречување на ширење и размножување на глодарите, посочи Герасимовски.
Тој потенцира дека Скопје се соочува со сериозна еколошка криза.
„Комунална хигиена со денови не го собира сметот, очигледно е дека оваа состојба нема брзо да се реши. Целиот град е затрупан со отпад, имаме хигиенски, здравствени и епидемиолошки проблем. Пристигаат информации дека се појавуваат глодари, состојбата е крајно алармантна“,
рече Герасимовски на прес-конференција.
Тој истакна дека општината прави мобилизација на сите свои ресурси за надминување на кризата.
„Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар’ добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности на минимум, ги пренасочуваме вработените да ги спроведат сите мерки за менаџирање на овој проблем. Ова е момент кога секој јавен службеник мора да покаже одговорност“,
посочи Герасимовски.