Во рамки на акцијата за мерење на гласноста на музиката во угистителските објекти на територија на Општина Центар, локалните инспектори издадоа решенија против два угостителски објекти, информираат од Општината.
По извршените мерења во текот на изминативе денови, констатирани се повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23:00 часот, а на два локали, „Мош“ и „Макка“, им се издадени Решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина.
„Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објект во Општина Центар, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина. Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишаните мерки и ќе бидат изречен поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина“, –
се вели во соопштението од Општина Центар.
