Уредите се дизајнирани да мерат исклучиво амбиентална бучава во децибели и фреквенција на звукот, со што се овозможува побрза и поефикасна реакција на инспекцијата

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека се поставени сите 30 планирани уреди за мерење бучава низ општината.
„Ги покривме најфреквентните локации низ општината, а врз основа на овие мерења нашите инспекциски служби вршат редовни контроли на терен“,
изјави градоначалникот Герасимовски.
Уредите се дизајнирани да мерат исклучиво амбиентална бучава во децибели и фреквенција на звукот, со што се овозможува побрза и поефикасна реакција на инспекцијата.
Како што вели Герасимовски, уредите не препознаваат гласови, туку ја мерат амбиенталната бучава.
Податоците од овие мерачи, вели градоначалникот, служат како показател за дополнителна проверка и брзо лоцирање на изворите на прекумерна бучава.
Градоначалникот потенцира дека санкциите се изрекуваат исклучиво по официјални мерења од акредитирана лабораторија, согласно законските прописи.
Герасимовски посочи дека главниот фокус е ставен на бучавата што произлегува од угостителските објекти и сообраќајот.
„Јавниот мир и квалитетот на живот на центарци се наш приоритет. Работиме системски, работиме транспарентно и работиме во интерес на граѓаните”,
додава тој.
