Со најновите дневни податоци за состојбата со ковид-19 во земјава, во главниот град има 5 668 активни случаи, а од почетокот на епидемијата регистрирани се 15 313.
Во моментов, во Аеродром има најмногу активни случаи од сите скопски општини или вкупно 927. Веднаш зад неа е општина Карпош со 805 активни случаи, а во Центар се 762. Со високи бројки на активни случаи на ковид од скопските општини се и: Гази Баба – 757, Кисела Вода – 699, Ѓорче Петров – 460, Чаир – 321, Бутел – 316 и Илинден – 131.
Високи двоцифрени бројки на активни случаи пак има во Шуто Оризари, вкупно 70, потоа во Сарај вкупно 51, Петровец вкупно 50 и Сопиште со 47. Во Чучер Сандево има вкупно 30 активни случаи, а Зелениково и Студеничани имаат по 24 активни ковид-случаи. Арачиново во моментов брои 14.
На територијата во Скопје се регистрирани и 113 случаи кои сè уште не се распределени, а евидентирани се и 67 странци.
Деталите од денешниот биланс може да се види тука.
