Џун денеска ненадејно прогласи воена состојба, обвинувајќи ја опозицијата дека ја парализира владата со антидржавни активности
Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија, Парк Чан Дае, вечерва го повика јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јол да поднесе оставка од функцијата поради прогласувањето воена состојба.

Џун денеска ненадејно прогласи воена состојба, обвинувајќи ја опозицијата дека ја парализира владата со антидржавни активности.
Таквата негова одлука наиде на осуда од пратениците на сите партии, а парламентот гласаше за поништување на оваа Резолуција.
Потоа, кабинетот на јужнокорејскиот лидер го одобри предлогот за прекин на спроведувањето на Резолуцијата за прогласување на воена состојба, околу шест часа по донесувањето на одлуката.
Неговата одлука доведе до големи тензии, граѓаните излегоа на улица, а имаше и неколку судири со војската и полицијата.
Од Белата куќа соопштија дека јужнокорејскиот претседател не ги известил однапред Соединетите Американски Држави (САД) дека ќе прогласи воена состојба во државата.