Пожарот избувнал во возилото додека тоа се движело по автопатот
Товарно возило марка „рено“ вечерва е опожарено на автопатот Тетово – Скопје, а возачот е пренесен во Клиничката болница во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму велат дека вечерва во 20 часот е пријавено дека во близина на Добарски мост на автопатот Тетово – Скопје е опожарено товарно возило со гостиварски регистарски таблички.
„Камионот е управуван од Б.М. (32) кој со возило на Итната медицинска помош е преенесеен во болницата во Тетово“,
се вели во полициското соопштение.
Инаку, пожарот избувнал во возилото додека тоа се движело по автопатот.
Пожарот е изгаснат од тетовските пожарникари.
Потоа, увид на местото на настанот извршиле екипи на МВР.