Членките и сојузниците на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК) одлучија да се држат до планот за постепено зголемување на производството на нафта, кое драстично го намалија во првите месеци од пандемијата на коронавирусот
Членките и сојузниците на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК) денеска одлучија да го зголемат производството на нафта од февруари за 400 000 барели дневно, со надеж дека патувањата и побарувачката за гориво нема да се намалат и покрај брзото ширење на омикрон сојот.
Членките на ОПЕК, предводени од Саудиска Арабија и нивните сојузници, предводени од Русија, одлучија да се држат до планот за постепено зголемување на производството на нафта, кое драстично го намалија во првите месеци од пандемијата на коронавирусот.
Денешната одлука на ОПЕК и неговите сојузници е во согласност со претходно договорениот пристап за зголемување на производството за 400 000 барели дневно секој месец додека не го достигне нивото пред пандемијата следната година.
По денешната одлука, цената на нафтата порасна.
Во 2021 година, цената на нафтата се зголеми за повеќе од 50 отсто.