Силен земјотрес од 7.3 степени по Рихтеровата скала го потресе денеска Нов Зеланд, јавуваат светските медиуми.
Според податоците, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 238 километри од градот Гисборн, на Нов Зеланд, на длабочина од 10 километри. Земјотресот е регистриран во 13:27 часот по средноевропско време.
Премиерката Џасинда Ардерн, преку социјалните мрежи им се обрати на граѓаните по силниот потрес.
„Се надевам дека сите сте добро, особено на источниот брег, каде беше почувствувана целата сила на овој земјотрес“,
напиша таа на Фејсбук и сподели мапа на која се гледа каде бил почувствуван земјотресот.
Новозеландските власти издадоа предупредување за опасност од цунами, a Националната агенција за управување со итни случаи на Нов Зеланд, ги советуваше луѓето во некои крајбрежни области веднаш да се евакуираат.
Засега нема извештаи за сериозни штети или жртви.