Вкупниот број на пациенти во болниците е 1 422 лица, а во Скопје се примени 28 за едно деноноќие
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 422.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 598 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 7 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 116 пациент позитивен и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 68 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 88, во ковид-центарот во Гостивар 27, а во Струга 20 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 30, Кавадарци 50, а во Гевгелија 19 лица позитивни и сомнителни на корона вирусот.

Денешните бројки според министерот за здравство Венко Филипче го потврдуваат трендот на намалување на пациентите со компликации од ковид за кои е потребна хоспитализација, поради што во текот на оваа недела се очекува да се затворат ковид-центрите на клиниките за урологија и за пластична хирургија.
„Ако имавме најголема бројка од близу 200 приеми на почетокот на април во текот на вчерашното денонокие бројот е 69. Споредено со најголемата вкупна бројка на хоспитализирани – 1 789, сега тој број е околу 1 400. Значи, се намалува и бројот на хоспитализирани пациенти“,
рече денеска Филипче.
