Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 674 пациенти со ковид, додека во Скопје 473
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 147 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 4 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, ниту на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 674 пациенти со ковид.
Врз онова на извештаите од болниците, во болницата во Битола се хоспитализирани 92 пациенти, во Штип 59 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 73, а во Куманово 79 пациенти. Во ковид – центарот во Охрид има 75 пациенти, во Прилеп 68, во ковид – центарот во Гостивар 23, а во Струга 17, во болницата во Струмица хоспитализирани се 73 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 20, Кавадарци 29, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Од Министерстото за здравство посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
