Се смета дека реалниот биланс е „значително поголем“, особено затоа што извештаите пристигнуваат со задоцнување од областите каде што се водат интензивни борби
Досега е потврдено оти во Украина загинале 227 цивили, а 525 се повредени, соопшти Канцеларијата на ОН за човекови права.
„Најголемиот број жртви се од употребата на експлозиви, гранатирања и тешка артилерија, но и како резултат на напади од повеќецевни ракетни фрлачи и воздушни напади“,
се наведува во соопштението на ОН од Женева.
ОН сметаат дека реалниот биланс е „значително поголем“, особено затоа што извештаите пристигнуваат со задоцнување од областите каде што се водат интензивни борби.