Употребата на референци од страна на Обединетите нации, вклучително и референци за придавки, за Северна Македонија се води според официјалната кореспонденција од Постојаната мисија на Република Северна Македонија во Обединетите нации од 14 февруари 2019-та година, како што е рефлектирано и во UNTERM, јавно достапна терминолошка база на податоци на Обединетите нации. Секретаријатот на Обединетите нации, кој продолжува да го води персоналот на Секретаријатот, не издаде никакво друго упатство освен она содржано во UNTERM, се вели во одговорот од седиштето на ООН за Радио Слободна Европа
До персоналот на Обединетите нации не е испратено упарство со кое би се упатиле службите, наместо терминот македонски јазик да го користат терминот „јазик на Република Северна Македонија“, се вели во одговорот за Радио Слободна Европа од портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дјурачич.
„Употребата на референци од страна на Обединетите нации, вклучително и референци за придавки, за Северна Македонија се води според официјалната кореспонденција од Постојаната мисија на Република Северна Македонија во Обединетите нации од 14 февруари 2019-та година, како што е рефлектирано и во UNTERM, јавно достапна терминолошка база на податоци на Обединетите нации. Секретаријатот на Обединетите нации, кој продолжува да го води персоналот на Секретаријатот, не издаде никакво друго упатство освен она содржано во UNTERM“,
се вели во одговорот за РСЕ од седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.
Министерството за надворешни работи пред два дена соопшти дека лажни се информациите дека во ОН има инструкција за начинот на користење на терминот „македонски јазик“, изтакнувајќи дека единствениот референтен документ на Организацијата на обединетите нации за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM, а дека во него се дадени основните информации за една земја кои ОН мора да ги почитува.
Ова доаѓа откако весникот „Нова Македонија“ објави дека неименувани извори за медиумот од Организацијата на обединетите нации (ООН) изјавиле дека во инструкциите до службите на Секретаријатот се вели дека мора да се „избегнува“ терминот „македонски јазик“ во согласност со општиот став дека терминот „Македонија“ и сите негови изведенки не смеат да се користат.
Истите извори, како што додаваат од медиумот, наведуваат дека без оглед што на официјалната страница на ОН сè уште пишува „македонски јазик“, во тек е постепено елиминирање на сите деривати произлезени од терминот „Македонија“, вклучувајќи и на јазикот, без оглед што тој во ОН како таков е признаен многу одамна.