Првиот брод со жито би можел да ја напушти Украина утре, изјави на прес-конференција заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања Мартин Грифитс.
„Тоа ќе се случи за неколку дена, се надеваме утре“,
рече тој.
Грифитс во изјава за медиумите истакна и дека бродовите со жито на тие пристаништа веќе се подготвени за тргнување.
„Се разбира, во тие пристаништа има бродови со жито, подготвени за заминување, и тие први ќе тргнат и потоа ќе започнеме со проверка и влез на бродовите“,
рече Грифитс.