Главниот претставник на ОН за хуманитарна помош Мартин Грифитс изјави и дека Обединетите нации, кои работат главно преку украинските хуманитарни групи, стигнале до 30 000 лица во поплавените области под украинска контрола, но се верува дека илјадници други се заробени од водата
Главниот претставник на Обединетите нации (ОН) за хуманитарна помош Мартин Грифитс денеска предупреди дека уривањето на браната „Нова Каховка“ уште повеќе ќе им го отежне животот на Украинците. Потсекретарот Грифитс изјави дека на дури 700 000 лица им е потребна вода за пиење.
Тој, исто така, стравува дека поплавите ширум областа може да резултираат со помал извоз на жито, повисоки светски цени на храната и помалку храна за милиони луѓе на кои им е потребна.
Грифитс додаде дека Обединетите нации, кои работат главно преку украинските хуманитарни групи, стигнале до 30 000 лица во поплавените области под украинска контрола. Но, се верува дека илјадници други се заробени од водата.
Инаку, Јужната команда на украинските сили во вторникот утрото, на 6 јуни, соопшти дека руските сили ја урнале браната „Нова Каховка“.
Russian terrorists. The destruction of the Kakhovka hydroelectric power plant dam only confirms for the whole world that they must be expelled from every corner of Ukrainian land. Not a single meter should be left to them, because they use every meter for terror. It’s only… pic.twitter.com/ErBog1gRhH
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 6, 2023
По обвинувањата на Киев дека руските сили ја уништиле браната „Нова Каховка“ на реката Днепар, со реакција се јави официјален Кремљ, кој обвини дека станува збор за намерна саботажа извршена од Украина за да се одвлече вниманието од неуспешната контраофанзива против руските сили.
Браната „Нова Каховка“ ја минува огромната украинска река Днепар задржувајќи голем резервоар со вода. Самата брана е висока 30 метри и широка стотици метри. Изградена е во 1956 година како дел од хидроцентралата „Нова Каховка“.