Повеќето жртви биле предизвикани од експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање и ракетни и воздушни напади
Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека потврдила 1 424 цивилни жртви од почетокот на инвазијата врз Украина пред две недели.
Од Канцеларијата прецизираат дека 516 луѓе се убиени, а 908 се повредени, но дополнуваат дека реалните бројки веројатно се „значително повисоки“.
Се посочува и дека повеќето жртви биле предизвикани од експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање и ракетни и воздушни напади.
Во извештајот се додаваат ажурираните бројки од градовите Волноваха, додека од Мариупол и Изиум се уште се потврдуваат по наводите за стотици цивилни жртви.
Русија негира дека целела цивили во нејзината инвазија на Украина.