Над два милиони од бегалците се во Полска, 600 илјади во Романија и по 300 илјади во Молдавија, Унгарија и Русија
Околу 4 019 000 луѓе досега ја напуштиле Украина од почетокот на војната на 24 февруари, покажуваат најновите податоци на агенцијата за бегалци на ОН.
Повеќе од шест милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина, што значи дека вкупно најмалку една четвртина од населението ги напуштило своите домови поради војната.
Тоа е најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна.
Според податоците од 29 март ова се земјите кои досега примија најголем број бегалци од Украина:
-Полска 2 336 799 бегалци
-Романија 608 936
-Молдавија 387 151
-Унгарија 364 804
-Русија 350 632
-Словачка 281 172
-Белорусија 10 902
Исто така, ОН потврдила 1 189 цивилни жртви во Украина, вклучително и 98 деца, од почетокот на инвазијата на 24 февруари.
Сепак, според светската организација, вистинскиот биланс веројатно ќе биде далеку поголем, бидејќи тешко е да се потврдат жртвите во областите кои се најмногу погодени од војната, како што е Мариупол.
„Цивилите трпат неизмерно страдање, а хуманитарната криза е критична“,
предупредуваат од ОН.