Со 43 „за“ е усвоена резолуција за чиста животна средина, во која исто така се повикани државите да ги зголемат напорите за подобрување на животната средина, додека четири држави членки – Кина, Индија, Јапонија и Русија останаа воздржани
Советот за човекови права на Обединетите нации вчера изгласа признавање на правото на безбедна, чиста, здрава и одржлива животна средина како човеково право.
Со 43 „за“ е усвоена резолуција за чиста животна средина, во која исто така се повикани државите да ги зголемат напорите за подобрување на животната средина, додека четири држави членки – Кина, Индија, Јапонија и Русија останаа воздржани.
Со втората резолуција, донесена со 42 спрема 1, се воспоставува „специјален известувач“, кој меѓу другото ќе следи „како штетните ефекти од климатските промени, вклучително и ненадејните катастрофи, влијаат на целосното и ефективно уживање на човековите права“.
Русија беше против оваа резолуција, а Кина, Еритреја, Индија и Јапонија беа воздржани.
На дводневната седница на Советот, која има 47 членови, се гласаше и за известувачот за човекови права во Авганистан, против што гласаше Пакистан.
