Повеќе од 2 300 комерцијални летови се откажани денеска, од кои околу 800 во САД, објави порталот Флајтавер (Flightaware). Речиси исто толку летови беа откажани и во петокот
Илјадници летови ширум светот беа откажани за време на божиќните празници, откако сојот на коронавирусот, омикрон, предизвика хаос во авиокомпаниите, особено во САД.

Повеќе од 2 300 комерцијални летови се откажани денеска, од кои околу 800 во САД, објави порталот Флајтавер (Flightaware). Речиси исто толку летови беа откажани и во петокот, јави ДПА.
Американските медиуми објавија дека главна причина за откажувањата е новиот бран на пандемијата предизвикан од омикрон, кој го погоди и екипажот.
Портпаролот на „Делта ерлајнс“ изјави за „Њујорк тајмс“ дека причината е „комбинација на проблеми, вклучително и временските услови и инфекции со омикрон“.
Од „Јунајдед Ерлајнс“ изјавија дека болеста на екипажот е главната причина за откажување на летовите.
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во четвртокот објави дека ќе мора да откаже десетина летови меѓу 23 и 26 декември, бидејќи многу пилоти се разболеле. Портпаролот на „Луфханза“ за ДПА изјави дека бројот на откажани летови останува ист, а повеќето се однесуваат на патувања за Токио и САД.

Тој не сакаше да шпекулира дека омикрон е главната причина, бидејќи не бил информиран за природата на болеста на вработените.
Флајтаер објави дека стотици летови низ светот се откажани за една недела.