Во сојузната држава Њујорк забележано е петкратно зголемување на педијатриските приеми. Речиси двојно повеќе деца се примени во болниците во Вашингтон во декември во споредба со ноември. И на национално ниво, во просек, хоспитализациите на деца се зголемени за 35 проценти, и тоа само во изминатата недела. Високо преносливата варијанта на омикрон заедно со празничните денови е одговорен високата стапка на инфицирани деца во САД.

„Мислам дека ќе видиме повисоки бројки отколку што сме виделе досега. Доаѓа Нова година што значи дека повеќе луѓе кои ќе се собираат и групираат, а тоа ќе доведе до повеќе изложувања и бројките ќе продолжат да се зголемуваат“,
вели Стенли Спинер, педијатар во болница во Хјустон.