ИОК и организаторите се обидуваат да обезбедат одржување на натпреварувањата во услови на пандемија, и покрај противењето на јапонската јавност и здравствените власти
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, пристигна во Токио, во време кога се очекува да биде прогласена нова вонредна состојба во јапонскиот главен град, а присуството на публика на Олимписките игри ќе биде забрането поради ширењето од коронавирусот.
Бах избегна камери на аеродромот и веднаш замина во седиштето на ИОК во Токио, кој се наоѓа во хотел со пет ѕвезди во центарот на градот. Се очекува тој да остане во самоизолација следните три дена, објави АП.
Бах пристигна во Токио на две недели пред почетокот на одложените Олимписки игри. ИОК и организаторите се обидуваат да обезбедат одржување на натпреварувањата во услови на пандемија и покрај противењето на јапонската јавност и здравствените власти.
Владини претставници предложија план за прогласување вонредна состојба во Токио од понеделник до 22 август, а Олимписките игри започнуваат на 23 јули и завршуваат на 8 август.
Главниот фокус е барањата се да се затворат кафулиња, ресторани и караоке-барови кои служат алкохол. Се очекува на жителите на Токио да им биде наредено да останат дома и да го следат натпреварот преку телевизија.