Владата во Приштина вечерва усвои нови -олеснети мерки за спречување на ширењето на ковид-19, а откако во последните денови се намали процентот на заразени споредено со бројот на тестирани
Се олеснуваат мерките за влез на државјани на Северна Македонија во Бугарија, Косово и во Норвешка.
„Со најновата одлука на Владата на Косово се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза на вакцина против коронавирусот. Со новата одлука која ќе стапи на сила од утре нашите државјани можат да влезат во Косово доколку поседуваат сертификат за примени две дози вакцини против ковид-19 или една доза, но со ПЦР тест“,
соопштуваат од МНР
Владата на Косово вечерва усвои нови, олеснети мерки, за спречување на ширењето на пандемијата на ковид-19. Според одлуката на кабинетот на Албин Курти, се скратува полицискиот час, се продолжува работното време на угостителските објекти и се укинува обврската за носење заштитни маски на отворено. Одлуката да се ублажат мерките е донесена откако последните денови се намали процентот на заразени споредено со бројот на тестирани (од преку 25 пред десетина дена на околу 20 отсто деновиве), но и по наглото зголемување на бројот на лица кои ја совладале болеста. Бројката на активни случаи во Косово, според последните официјални податоци, изнесува 31.084
Норвешка ги укина ограничувањата за влез на наши државјани, при што сепак продолжува да се бара пополнување на формулар за регистрација пред влегување во земјата, како и задолжително приложување на негативен ПЦР – тест направен 24 часа пред влез, доколку лицето е постаро од 18 години и не поседува валиден сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19.
„Олеснети се мерките и за влез во Бугарија, кои предвидуваат приложување на еден од следните документи: сертификат за примени две или три дози вакцина, сертификат за прележан ковид- 19, негативен ПЦР или негативен антиген тест“,
известуваат од МНР.