Сепак, од Обвинителството апелираат за воздржаност при објавата и споделувањето на видеата, чија содржина може да биде вознемирувачка за јавноста, а особено за семејството и блиските на починатиот
Со објавата на видеоснимката од надзорните камери, на кои се гледа моментот на насилство врз сега починатиот ракометар Денис Тот пред една скопска дискотека, на ниту еден начин не може да се наштети или да се влијае врз постапката, велат од ОЈО за ТВ 21 откако таа се појави на социјалните мрежи.
Од Основното јавно обвинителство за ТВ21 посочуваат и дека дека сите снимки од видеонадзорот во критичниот момент на наведената локација се обезбедени и се анализираат.
„Сепак, апелираме за воздржаност при објавата и споделувањето на видеата, чија содржина може да биде вознемирувачка за јавноста, а особено за семејството и блиските на починатиот. Јавното обвинителство во целост ќе го расчисти настанот, а кривична одговорност ќе понесат сите за кои ќе се утврди дека сториле кривично дело“,
велат од Обвинителство за ТВ21.
