Станува збор за предмет оформен по пријава од граѓани, но засега од обвинителството не објавуваат повеќе детали
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска врши претрес во Управата за финансиска полиција каде директор е Арафат Муареми.
Од обвинителството го потврдуваат претресот, но повеќе детали засега не се објавуваат со оглед дека предметот е во предистрага.
Она што го посочуваат оттаму за „360 степени“ е дека станува збор за предмет оформен по пријава од граѓани и дека не е поврзано со неуспешната конфискација на имотот „Трансмет“ во случајот „Труст“ каде Државното правобранителство поднесе кривични пријави, меѓу другите и за директорот Муареми.
Муареми засега е недостапен за коментар.