Издадена е наредба да се изврши увид на локација во селото Шум, каде што се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга оформи предмет по информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот, со цел да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.

Како што информираат од Обвинителството, во координација со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга при Министерството за внатрешни работи (МВР), издадена е наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде што се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
„При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како и од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ)“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Во текот на постапката, според ОЈО Струга, ќе бидат преземени и други дејствија на проверки.
