Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор, додека за осомничената е предложена мерка куќен притвор, бидејќи се грижи за две малолетни деца на возраст од девет месеци и три години.
Скопскот Основно јавно обвинителство продолжува со истрагата за причините за пожарот на депонијата во Визбегово, а отвори и постапка против сопствениците на депонијата поради нападот на новинарската екипа на ТВ Алсат М.

Двете лица – маж и жена, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се товарат за кривичното дело спречување службено лице во вршење на службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
„Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо“,
се наведува во соопштението од Обвиниктелството.
Надлежен јавен обвинител, како што се додава, до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор, додека за осомничената е предложена мерка куќен притвор, бидејќи се грижи за две малолетни деца на возраст од девет месеци и три години.
Мерките, велат од Обвинителството, се предложени и затоа што покрај за нападот на новинарската екипа, продолжуваат истражните дејствија за причините за пожарот на отпадот чии сопственици се осомничените и вентуалната опасност што била предизвикана врз животот и телото на луѓето и имотот и животната средина.
Во таа насока, како што информираат од Јавното обвиниктелство, во текот на вчерашниот ден и денеска се издадени и се издаваат наредби и насоки за собирање и обезбедување докази во врска со случајот.

Инаку, пожарот во Визбегово поради густиот чад и остар мирис на чад можеше да се почувствува низ целата скопска котлина. Пожарот до денеска во рамките утрински часови сè уште беше активен, а според последните информации од Центарот за управување со кризи тој денеска е ставен под контрола.