„Преку писмени и говорни пораки на социјална мрежа тој ѝ се заканувал вршејќи семејно насилство, а загрозувањето на сигурноста особено се интензивирало откако таа си заминала од домот на осомничениот бидејќи била постојано изложена на закани и навреди“, наведуваат од Основното јавно обвинителство Скопје
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истрага и предложи притвор за 33-годишен скопјанец кој е осомничен дека во периодот од 5 до 30 октомври во повеќе наврати ѝ ја загрозил сигурноста на својата поранешна партнерка упатувајќи ѝ закани по живот.

„Преку писмени и говорни пораки на социјална мрежа тој ѝ се заканувал вршејќи семејно насилство, а загрозувањето на сигурноста особено се интензивирало откако таа си заминала од домот на осомничениот бидејќи била постојано изложена на закани и навреди“,
наведуваат од ОЈО Скопје.
На 30 октомври мажот почнал агресивно да се однесува пред клиника каде што оштетената била сместена на лекување и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ. Почнал да ја тегне за рака и да ја принудува повторно да оди со него во неговиот дом, со што ѝ предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
