Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје побара парични казни од по 2 000 евра за 21 лице кои за време на полициски час биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.
Тие се обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
