На двајца од осомничените – даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионалната дирекција Штип – им е одреден куќен притвор, иако кочанското обвинителство за нив бараше мерка ефективен притвор
Основното јавно обвинителство Кочани најави дека ќе ја обжали одлуката на Основниот кривичен суд Кочани кој им одреди куќен притвор на двајца од осомничените кои беа приведени во рамки на акцијата поврзана со трагедијата во кочанското т.н. кабаре „Пулс“. За овие две лица ОЈО Кочани бараше ефективен, а не куќен притвор.

„ОЈО Кочани ја прими одлуката за определената мерка куќен притвор за двајцата осомничени и ќе вложи жалба“,
соопштија од Обвинителството.
Претходно денеска Основниот кривичен суд Кочани соопшти дека им се одредени мерки на девет лица кои се опфатени во предметот поврзан со трагедијата во кочанското т.н. кабаре „Пулс“.
На двајца од осомничените – даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионалната дирекција Штип – им е одреден куќен притвор, иако кочанското обвинителство за нив бараше мерка ефективен притвор. Тие се осомничени за примање поткуп.
За шестмина од осомничените, на барање на ОЈО Кочани, се определени мерки на претпазливост, а на еден осомничен кочанскиот суд му одреди дополнителна мерка на претпазливост,
