Настанот се случил на 25 јануари утрото, кога таа во состојба на пијанство со 2,61 промили алкохол во крвта вршела семејно насилство и телесно го повредила својот соспруг
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Република Хрватска со привремен престој во земјава, осомничена дека сторила кривично дело – телесна повреда.

Настанот се случил на 25 јануари утрото, кога таа во состојба на пијанство со 2,61 промили алкохол во крвта вршела семејно насилство и телесно го повредила својот соспруг.
Во описот за случајот од Обвинителството велат дека по вербална расправија, жената зела нож од кујната и го пробола сопругот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и по телото.
Јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, имајќи ги предвид сите околности и оценувајќи дека се исполнети законските основи.
