Станува збор за ученик во осмо одделение кое од тепањето добило нагмечување во пределот на главата
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар поднесе обвинителен предлог против заменик-директор на основно училиште во селото Чергане бидејќи удирал шлаканици и клоца на ученик.
Тој е обвинет за кривичното дело малтретирање во вршење служба и Обвинителството смета дека тој постапувал кон ученикот со понижување на човековото достоинство и личност.
Според Обвинителството, причината на нападот била што детето се качило на вториот кат од училиштето.
„Ученикот во осмо одделение, добил известување дека заедно со уште двајца соученици ќе биде прераспореден во друго одделение. Тој се качил на вториот кат во училиштето за да го земе распоредот за новото одделение, но го затекнал обвинетиот кој најпрвин му се развикал затоа што се качил на катот, а потоа започнал да го удира со шлаканици и клоца. Оштетеното дете се здобило со телесна повреда – нагмечување во пределот на главата и настанот го пријавило во полициска станица.“,
велат од ОЈО Гостивар.
Настанот се случил на 26 ноември 2021.